Живот

Зошто е подобро работење во половина работно време?

17. јули 2017 - 13:28 | Л.Е.

Ако работното време ви се сведува на 40 работни часа и на тие им додадете уште 5-6 кои ви одат во пат набрзо ќе заклучите дека сите тие часови поминати на работа не се добри за никој освен за вашиот работодавец. Фирмата цвета, вие може да добиете и некој бонус за прекувремено, но по која цена?

Истражувачите при Универзитетите Мејсеј и Кајо во Јапонија и Универзитетот во Мелбурн, Австралија го испитале влијанието на работните часови врз когнитивната меморија на 6.500 испитанициод кои 3.500 биле жени, а 3.000 мажи.

Дел од испитаниците работеле под, а дел над 40 часови неделно а истражувањето се надополнило на веќе постоечка студија која го проучувала речникот со кој се служат луѓето кои работат 40 часа во неделата. Научниците во новото исражување го задржале вниманието врз работната меморија, брзината на визуелно скенирање и процесирање на информации и способноста за читање.

Резултатите покажале дека луѓето со пола-работно време биле најефективни, попозитивни кон својата работа и лесно ги спознавале новите нешто кои им биле презенрирани додека оние кои работеле 40 и повеќе од 40 работни часа во неделата потешко помнеле и имале потешкотии во сложувањетп реченици.

Научниците велат дека стресот ја отежнува работата на мозокот и дека подолгото изложување на стрес на работа директно влијаеврз продуктивноста и квалитетот на работата на луѓето кои се страшни „воркохолици“ што по избор, што по потреба.

Коментирај