Живот

Зошто бракот не е добар за здравјето?

17. јули 2017 - 11:15 | Л.Е.

Модерниот начин на живот и темпото по кое се движат новите брачни двојки повеќе не претставува лек за нивното здравје. Со текот на времето предноста која ја имале луѓето во брак пред оние кои се во врска или сами сосема исчезнала.

Најновите истражувања покажале дека брачната благосостојба повеќе не го чува вашето здравје бидејќи партенерите се помалку поминуваат време заедно. Во моменти на економски притискот тие повеќе бараат поддршка на социјалните мрежи отколку од своите пријатели и парнери.

Поранешните истражувања тврделе дека бракот им го продолжувал животот на мажите, но последното истражување покажува помал ефект на бракот врз здравјето на помладите брачни парови.

Истражувањето кое опфатило 6.000 брачни двојки родени помеѓу 1955 и 1984 година потврдило дека „зголемениот притисок од дома и на работа ги разделува брачните парови и прави да гледаат на бракот како извор на конфликт и стрес“, а со тоа живеат нездрави и неквалитетни животи.

Коментирај