Свет

Засега нема информации за повредени Македонци во Барселона

17. август 2017 - 21:32 | Макфакс

Владата на Македонија вечерва излезе со соопштение  дека до 20:30 часот нема информации за повредени македонски граѓани во терористичкиот напад во Барселона.

Од таму сепак посочуваат дека комуникацијата со релевантните шпански институции е отежната поради сериозноста на ситуацијата, но од нашата амбасада во Шпанија прават напори да добијат  редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани.

Притоа се посочуваат телефони од амбасадата каде што нашите граѓани можат да се јават за информации :

00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија

00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини или  пријатели.

Барселона е една од најпопуларните дестинации за македонските граѓани откако компанијата „Визер“ воведе директни летови. Во моментов рано е да се каже колку наши граѓани престојуваат во овој град, а шпанските медиуми досега не го објавија идентитетот ниту на загинатите ниту на ранетите меѓу кои е можно да има туристи, бидејќи нападот се случи на главната туристичка улица Рамблас во центарот на градот.

Коментирај