Свет

Возило влета во пешаци во центарот на Барселона, има и мртви

17. август 2017 - 19:03 | Kајгана/Макфакс

Двајца вооружени мажи влетаа со бело комбе на пешачка патека на централната улица „Рамблас“  во Барселона и  покосија десетина луѓе. Најмалку две лица загинаа, додека повеќе се повредени откако комбе влета меѓу пешаци.

Тие се забарикадирале во ресторан во центарот на градот.  Станува збор за терористички напад кој застрашувачки потсетува на тој во Лондон.

Според информациите на локалните медиуми, во нападот се загинати две лица, а повредени  се 20 пешаци.  Вооружената престрелка меѓу полицијата и терористите сè уште е во тек. Меѓу повредените има и деца.

Одговорот на полицијата е масивен. Граѓаните се повикани да го избегнуваат ова популарно туристичко место. Запрени се сите метро линии, а тие што се нашле во овој реон се засолнуваат во околните згради.

Коментирај