Хроника

Тетово: Роднини се степале за имот, едно лице во кома

17. јули 2017 - 13:35 | Макфакс

Седумдесет и седумгодишен тетовец паднал во кома откако негови роднини го истепале поради нерасчистени имотно-правни односи.

Според информациите на МВР, вчера, околу 10:30 часот на ул.„Железничка“  во подрумска просторија од куќата сопственост на М.Ј.(77) во Тетово  дошле тројца негови роднини, со кои ја делел куќата.

Поради нерасчистени имотно-правни односи роднините веднаш физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото, а едно од лицата го удрил со тврд предмет во пределот на телото, од што М.Ј. паднал во бессознание.

Повредениот е пренесен во Клинички центар –Тетово, а Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Коментирај