Рецепти

Суфле со јагоди и крем

24. јуни 2018 - 16:05 | К.З.
Одлична идеја за совршен крај на овој викенд е да влезете во кујната и да зготвите нешто вкусно. Доколку се решите да го направите тоа, предлагаме да подготвите специјален десерт - суфле со англиски крем и јагоди.

Овој десерт е многу вкусен, а во исто време е едноставен за подготовка. Сѐ што ви е потребно за него се само неколку производи кои можете да ги најдете во локалниот маркет.
 
За да подготвите 6 порции суфле со англиски крем и јагоди ќе ви бидат потребни:
 
за англискиот крем:
 
- 240 милилитри млеко
- 240 милилитри хопла
- 100 грама шеќер
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 4 жолчки од јајца
- половина лажичка сол
 
за суфле од јагода:
 
- 150 грама јагоди
- 65 грама шеќер + 4 лажици шеќер (одвоено)
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичка путер
- 4 жолчки од јајца
- 1 лажичка сол
 
За упатства околу подготовката на рецептот, погледнете го видеото кое го подгови екипата од YouTube каналот Tasty.

Пријатен апетит!

Коментирај