Авто новости

Што се случува кога во моторот по грешка ќе ставите течност за миење стакла?

11. јули 2017 - 14:13 | Д.Л.

Топла препорака при купувањето на автомобилот е да ја проучите книгата со упатствата. Дури и доколку не знаете ништо за автомобилите, во тој случај не би ви се случило по грешка да ставите погрешна течност на погрешно место, како на пример сопственикот на ова Mini.

Несреќников ставил 5 литри течност за миење стакла по грешка во моторот - таму каде што е предвидено по секоја логиак да ставите моторно масло. Потоа, го стартувал автомобилот и по десет минути возење се вратил за во продавницата од каде го купил средството да им се пожали на претераниот чад од ауспухот.

Резултатот од скапоцената грешка можете да го видите на фотографиите, а не можеме ни да замислиме колку ќе чини ова да се отстрани од моторот и автомобилот да се доведе во повторно функционална состојба.

 

Коментирај