Македонија

Шилегов: Иницијативата да не се пуштаат децата во училиште е политички мотивирана

14. декември 2017 - 14:54 | Макфакс

Иницијативата на Facebook преку која родители велат дека нема да ги пуштаат децата во училиште е политичка мотивирана, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Моите информации се дека иницијативата е политички мотивирана од ВМРО-ДПМНЕ со цел да се дискредитираат локалната и централната власт во борбата против загадувањето“, рече Шилегов, кој денескa во Скопје учествуваше на „Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“.

Градоначалникот Шилегов оцени дека децениската апсолутна негрижа кон животната средина, како и масовното сечење на дрвјата, уништувањето на назаштитените подрачја и општо недомаќинско однесување кон природата доведе до енормно загаден воздух.

„Имајќи предвид дека здравјето на нашите граѓани е од најголема важност, намалувањето на загадувањето е приоритет и Градот Скопје во наредниот период посветено ќе работи на низа мерки кои ќе имаат за цел намалување на загадувањето“, рече Шилегов.

Коментирај