Авто новости

Рај за авантуристи: Хотел на тркала од Mercedes

21. мај 2018 - 19:36 | А.С.

Ако од идејата за кампување ве премислува недостигот на простор и интимност, а сакате да патувате, овој Mercedes е вистинскиот избор за вас.

Преработениот камион Actros на Mercedes е одличен избор за оние кои сакаат да летуваат во движење, а не да се стационираат на едно место, но и за оние авантуристи кои сакаат да живеат на тркала.

Овој камион овозможува буквално да ја понесете својата луксузна хотелска соба со себе, со сите нејзини удобости.

Truck Surf Hotel е резултат на идеја што со заеднички сили ја реалиираа Даниел Карнеиро и Едуардо Рибеиро, врз основа на искуствата што ги стекнале кампувајќи во мобилни домови.

Truck Surf Hotel може да се изнајми во Португалија и во Мароко по цена од 5.410 евра неделно.

Хотелот на тркала нуди пет климатизирани соби распоредени на два ката.

Коментирај