Свет

Португалија ќе прогласи јавна катастрофа поради сушата и пожарите

17. август 2017 - 18:48 | Макфакс

Португалската влада се подготвува да прогласи  состојба на јавна катастрофа во државата во пресрет на прогнозираниот пораст на температурите кои ќе влијаат на проширување на пожарите.

Околу 3.000 пожарникари и околу 20 авиони и 300 возила во Португалија веќе се ангажирани на гасење на пожарите кои дивеат низ земјата, а отежнувачка околност е топлото и суво време кое ги поттикнува.

Според властите земјата се соочува со најсуво и најсурово лето од 2005 година, а последиците досега се 86 тешко повредени и евакуација на гратчето Макао. Во моментов активни се четири пожари од кои некои од почетокот на месецов и еден што се повторува од почетокот на летото.

Европската унија најави дека ќе ѝ даде 45 милиони евра на владата во Португалија да се справи со штетите.

Коментирај