Живот

Порно актерка: Моите колешки умираат бидејќи нѐ третираат како граѓани од втор ред

23. јануари 2018 - 16:31 | А.С.

Пет млади порно актерки починаа во изминатите три месеци. Нивната колешка Џинџер Бенкс открива која е вистинската причина за оваа епидемија.

Една од актерките беше најдена мртва во нејзиниот кревет. Друга се обеси во паркот во близина на домот во кој живееше со сопругот. Трета се предозира со лекови, а потоа уште две порно актерки беа најдени мртви.

Порно актерката Џинџер Бенкс им изрази сочувство и им пружа поддршка на нивните семејства. Исто така ја повика јавноста да го промени однесувањето кон работниците од секс-индустријата.

„Начинот на кој општеството ги третира порно актерките нѐ прави уште подепресивни. Тешко е кога постојано се чувствуваме како да сме граѓани од втор ред“, рече таа.

„Долго време патев од депресија поради работата со која се занимавам. Токму однесувањето на другите кон мене и дискриминацијата се најлошиот дел од оваа професија.“

Аугуст Ејмс, која се самоуби со бесење минатиот месец на 23 години, беше изложена на малтретирање на социјалните мрежи бидејќи одби да снима сцена со партнер кој игра во порно филмови за хомосексуалци. На социјалните мрежи ѝ „препорачуваа“ да испие пилула со цијанид, ја обвинуваа дека е хомофоб, а само неколку дена подоцна се самоуби.

Пред неколку дена беше најдена мртва порно актерката Оливија Луа која наводно се предозирала со апчиња и алкохол.

Џинџер стравува дека моделот на овие самоубиства ќе се преслика и на обичните девојки и апелираше до јавноста да го смени начинот на кој ги третира вработените во секс-индустријата и да го поттикне разговорот за менталните проблеми.

Коментирај