Македонија

Поради маглата откажани и пренасочени летови на аеродромот во Скопје

14. декември 2017 - 17:16 | Макфакс

Дел од летовите на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се откажани и пренасочени поради маглата што го зафати скопскиот регион.

На веб страната на аеродромот е објавено дека се откажани полетувањата за Истанбул, Виена, Базел, Будимпешта и Дубаи, а реализирани се за Љубљана и Дортмунд.

Летовите од Дубаи, Брисел, Лондон и Будимпешта се пренасочени кон Охрид и Приштина.

Коментирај