Филм & ТВ

Оскари 2018: „The Shape of Water“ номиниран за 13 Оскари

23. јануари 2018 - 15:56 | К.З.

Денеска беа објавени номинациите за претстојните Оскари, а помеѓу филмовите со најмногу номинации се најдоа очекуваните „The Shape of Water“ на режисерот Гиљермо дел Торо и „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“ на Мартин Мекдонах.

90-то јубилејно издание на Оскарите ќе се одржи во Dolby Theater во Лос Анџелес, а доделувањето ќе го води познатиот ток-шоу водител Џими Кимел.

„The Shape of Water“ доби најмногу номинации, дури 13, меѓу кои за Најдобра споредна машка улога, Монтажа на звук, Дизајн на костуми и Најдобра кинематографија.

Наградата за која годинава конкуренцијата е најсилна е онаа за Најдобра машка главна улога, каде помеѓу номинираните имиња се најдоа великани на актерскиот занает како Даниел Деј-Луис, Гери Олдман и Дензел Вашингтон, но и нови имиња како Даниел Калуја и Тимоти Шаламе.

Мерил Стрип продолжува да поставува рекорди со нејзината 21-ва номинација за Оскар, овојпат за филмот „The Post“. Покрај неа, во оваа категорија номинирани се и Сели Хокинс, Франсес МекДорманд, Марго Роби и Серша Ронан.

Номинирани во поважните категории се следните:

 

Најдобар филм:

„Call Me by Your Name“

„The Shape of Water“

„Get Out“

„Darkest Hour“

„Dunkirk“

„The Post“

„Phantom Thread“

„Lady Bird“

 

Најдобра машка главна улога:

Тимоти Шаламе – „Call Me by Your Name“

Даниел Деј-Луис – „Phantom Thread“

Гери Олдман – „Darkest Hour“

Даниел Калуја – „Get Out“

Дензел Вашингтон – „ Roman J. Israel, Esq.“

 

Најдобра женска главна улога:

Сели Хокинс – „The Shape of Water“

Франсес МекДорманд – „Three Billboards Outside Ebbing, Missouri“

Марго Роби – „I, Tonya“

Серша Ронан – „Lady Bird“

Мерил Стрип – „The Post“

 

Најдобар анимиран филм:

„The Boss Baby“

„The Breadwinner“

„Coco“

„Ferdinand“

„Loving Vincent“

 

Најдобра кинематографија:

Роџер Дикинс – „Blade Runner“

Бруно Делбонел – „Darkest Hour“

Хојт ван Хојтема – „Dunkirk“

Рејчел Морисон – „Mudbound“

Ден Лаустсен – „The Shape of Water“

 

Целосната листа на номинации можете да ја погледнете тука.

Коментирај