Регион

Објавена лажна посмртница на Александар Вучиќ

17. јули 2017 - 8:25 | Макфакс

„Посмртницата со ликот на Александар Вучиќ, која се појави на социјалните мрежи, е кулминација на кампањата против претседателот на Србија која трае речиси два месеци“ изјави српскиот заменик-премиер и член на Претседателството на владеечката СНС, Зорана Михајловиќ.

“Таков голем степен на омраза што избран претседател на Србија се става на посмртница, не е виден досега во Србија. Јас не знам што би можела да биде намерата на авторот, освен да се обиде да го легализира насилството во општеството, и тоа во време кога како општество сѐ уште се опоравуваме од бруталните убиства во центрите за социјална работа, чии жртви беа жени и деца “, предупреди Михајловиќ.

Коментирај