Наука

Невообичаени затоплувања на Арктикот

13. декември 2017 - 15:19 | М.Д.

Арктикот кој станува се потопол и се побргу се менува, е нешто што полека станува нормално и нема знаци дека овој дел од светот повторно би можел да биде стабилно замрзнат како некогаш, соопштија научниците.

Директорот  на американската истражувачка програма за Арктикот, Џереми Матис, изјави дека овој регион и вршел голема услуга на планетата, бидејќи дејствувал како фрижидер.

„Сега ја оставивме вратата отворена на овој фрижидер“, изјави овој научник на конфереција за новинарите.

Американската Национална администрација за океани и атмосфера го објави 12 годишен извештај на собирот во Њу Орлеанс и укажа на неколку аномалии во рамките на загревањето на Арктикот.

„Можеме да потврдиме дека Арктикот нема да остане во стабилна замрзната состојба“, изјави Матис и додаде дека овој регион се менува побргу отколку во било кој период досега документиран во историјата.

Тој истакна дека луѓето тешко се прилагодуваат на овие брзи промени и дека поради тоа водата носи цели села во арктичките области во Северна Америка.

Матис изјави дека нивото на морето расте, проследено со затоплувањето на Северниот пол многу побргу од она што се прогнозирало пред десет години.

Коментирај