Тенис

Микроекономија: Како Федерер ги учи децата да заработуваат?

14. март 2018 - 15:27 | М.Д.

Иако им е татко еден од најуспешните и најбогатите спортисти на сите времиња, децата на Роџер Федерер сами си ги заработуваат своите пари.

„Како и во последните неколку години, изнајмивме куќа за време на траењето на Индијан Велс, бидејќи едноставно сме навикнати така. Кога е Мајами во прашање тогаш сме во хотел, но во секој случај сакаме да знаеме, секако поради децата и нивните рутини, каде ќе спиеме“, изјави Федерер.

„Во Индијан Велс е доста поинаку, децата се постојано во базен или непрекинато трчаат околу него, а од оваа година направија и штанд за продажба на лимонада на улица. Само во вторникот заработиле 70 долари, но не ми дадоа ништо. Беше одлично, за жал јас не бев таму бидејќи имав обврски и тренинзи во комплексот, но знам дека имале одличен ден и дека комшиите биле многу дарежливи“, додава Швајцарецот.

Легендарниот Роџер Федерер има четири деца со сопругата Мирослава, осумгодишните близнаци Мила и Шарлин, односно тригодишните близнаци Лео и Лени.

Коментирај