Живот

Кога ви требаат протеини?

17. јули 2017 - 12:03 | Л.Е.

Сите мускули, органи и ткива се создадени од протеини и затоа протеините имаат важна улога во вашиот секојдневен живот. Протеините заздравуваат рани, го регулираат шеќерот во крвта и неутализираат бактерии.

Се прeпoрачува внесување на половина количина протеини во грамови од вашата тежина па, така, ако тежите 60 килограми се препорачува да внесувате околу 30 грама протеини дневно.

Протеините постојано се трошат и затоа мора постојано да се внесуваат. Протеините помагаат во топењето масти, градењето и оддржувањето на здрави мускули и токму поради тоа што постојано се трошат се појавуваат симптоми кои алармираат на ниските нивоа од овие биомолекули.

Преку синтеза на аминокиселините се произведува допамин и серотонин одговорни за пријатното расположение и среќата па, затоа, кога страдате од недостиг на протеини сте раздразливи и нерасположени.

Недостигот на протеини во организмот е причина за поспоро заздравуање на раните, зачестен замор, тешкотии во обавувањето на секојдневните обврски и честото заборавање на информации.

Високиот холестерол е исто така индикатор за недостиг на протеини во организмот бидејќи протеините најчесто се заменуваат со јаглехидрати и масна храна како извор на енергија. Недостатокот на енергија чини предизвик и од наједноставните физички вежби бидејќи замената предизвикува забрзано да се дебелеете, а мускулите веднаш се воспалуваат бидејќи немаат доволно протеин да ги храни.

Недостатокот на протеини или го намалува нивото на инсулин со што неправилно се регулира шеќерот во крвта или, пак, го зголемува нивото на кортизол односно стресот. Ниту едно од овие две сценарија не е добро за квалитетот на вашиот сон што претставува уште еден симптом за недостиг од протеини.

Коментирај