Регион

Коѕиас до ЕУ: Не создавајте втор Груевски

17. јули 2017 - 17:02 | Макфакс

„Новата влада  ја потсмири реториката и има покоректна комуникација, но сепак ништо суштински не е сменето“, порача шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во интервју за „Еуроактив“, пред средбата со медијаторот Метју Нимиц во Брисел денес доцна попладне.

Тој истакна дека за време на својата посета на Скопје во август, ќе разговара со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за прашањата што не биле отворени на средбата во Атина, меѓу кои најверојатно и спорот за името.

„Проблемот со Скопје не е тоа што има еден или друг став. Проблемот е нешто што самата Европа мора да го разбере. Европа мора на добар начин да ги едуцира лидерите во Скопје за концептот на политички компромис и за културата на политички консензус. Кога станав министер за надворешни работи, им кажав на сите страни дека на некој начин „ги разгаливме“, бидејќи несоодветното однесување кон нас ќе го применат и во домашната политика. Сите видовме како Груевски го примени истиот концепт во својата земја“, изјави Коѕиас.

Тој, исто така, додава дека им порачал на своите пријатели во ЕУ да не создаваат „втор Груевски“, затоа што Заев ги има сите услови да разбере и да се отвори кон реално решение.

„ Ќе работиме за ова решение и се надевам дека ќе добиеме одговор и ќе се избегне мешањето на трети страни кои ќе го отежнат пристапот кон ова решение“ – порача Коѕиас.

Патем Коѕиас извести дека има шест крупни прашања околу Грција преговара и дека преговорите за Кипар и ги издвои како најкомплексни тие за Кипар и со Македонија.

Коментирај