Живот

Кариби: Рекорден број на посетители, покрај катастрофалните урагани

19. февруари 2018 - 17:41 | А.С.

Иако Карибите лани ги погодија два силни урагани, во 2017 година имаа рекорден број на посетители – 30 милиони.

„Наспроти сите предизвици со кои се соочивме, Карибите во 2017 година остварија најголема посетеност, како и заработка од туризмот, за 3% повеќе отколку во 2016 година“, велат од туристичкото биро на островската земја.

„Дали е тоа доволно? Дали нашата работа е завршена? Не за долго.“

Сепак, кога ќе се направи споредба по острови, ќе се забележи дека на островот Сен Лусиjа имало двојно повеќе посетители, додека на другите острови посетеноста опаднала за 20%.

Ураганите Марија и Ирма оставија значителни штети зад себе, како на инфраструктурата, така и на туристичките капацитети.

Многу туристички експерти повикуваат годинава да ги посетите Карибите како дестинација што ветува многу и на која ѝ е потребен туризмот за опстанок.

Коментирај