Филм & ТВ

„Hotel Transylvania 3“ на врвот на светскиот боксофис

16. јули 2018 - 15:35 | А.С.

Се покажа дека Двејн Џонсон не може да се мери со Дракула и неговото анимирано друштво.

„Hotel Transylvania 3: Summer Vacation“ го освои домашниот боксофис викендов со 44 милиони долари на 4.267 локации, а „Skyscraper“ со Двејн Џонсон заврши на второ место со заработка од 25,5 милиони долари од 3.782 киносали.

Анимираниот семеен филм на „Sony“ заработи и 46,4 милиони долари и во странство, што значи дека има глобален старт од 100 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето. Третото продолжение на анимираниот филм во кој гласовите ги позајмуваат Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Семберг и Кетрин Хан, се сними со буџет од 80 милиони долари.

Дебито на „Skyscraper“ не беше доволно ни за обезбедување на второто место што му припадна на „Ant-Man and the Wasp“ на „Marvel“ со 29,5 милиони долари од 4.206 локации. Кога ќе се пресметаат и оние 35,3 милиони долари од киноблагајните во странство, филмот заработи вкупно 284 милиони долари досега.

„Skyscraper“ заврши на трето место, далеку под очекувањата за првиот викенд, со заработка од 25 милиони долари, во споредба со продукциските трошоци од 125 милиони долари.

Листата на филмови со најголема заработка неделава изгледа вака:

Коментирај