Тенис

Ѓоковиќ за прв пат на тренинг по операцијата

6. февруари 2018 - 9:09 | А.С.

Најдобриот српски тенисер и поранешен прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ го одработи првиот тренинг по операцијата на лактот на десната рака.

Ѓоковиќ пред неколку дена соопшти дека се одлучил да направи „мал хируршки зафат“, а вчера почна со активно закрепнување.

„Огромно благодарам до сите за поддршката што ја добивам од петокот кога објавив дека го оперирав лактот. Одвај чекам да ги споделам со вас моето закрепнување и напредок“, напиша Ноле на Instagram.

Со пораката објави и видео како вежба во теретана на симулатор на удари со рекет, со ракав на десната рака каков што носеше на Аустралијан Опен.

Во неговата кариера Ѓоковиќ има освоено 12 Гренд слем турнири и 30 Мастерси.

Коментирај