Рецепти

Десерт во три бои

16. јули 2018 - 18:43 | М.Д.

Подгответе вкусен и едноставен десерт во три бои.

Состојки:

300 грама кајсии

2 пакетчиња ванилин шеќер

150 мл вода

50 грама шеќер

1 лажичка густин

1 пудинг од чоколада

300 мл млеко

200 грама кисела павлака

200 мл слатка павлака

2 лажички мед

Подготовка:

Кајсиите исчистете ги од семките и исецкајте ги на коцки, ставете ги во тенџере на оган и додадете ги ванилиниот шеќер, водата и шеќерот. Оставете смесата да се вари околу 5 минути. Во сад измешајте една лажица густин со малку вода и ставете го во тенџерето да се вари, измешајте и по неколку минути смесата тргнете ја од оган, за добро да се излади.

Чоколаден фил: Пудингот од чоколада подгответе го на вообичаен начин и ставете го на дното од чашата во која ќе го послужите десертот.

Бел фил: Слатката павлака изматете ја со миксер, па потоа додадете ја киселата павлака и медот и матете додека сместа не ја добие потребната густина. Белиот фил ставете го врз црниот фил во чашата, на крај ставете го и изладениот фил од кајсии и декорирајте.

Коментирај