Фудбал

Чија беше „седмицата“ во Јувентус пред Роналдо?

16. јули 2018 - 15:53 | М.Д.

Кристијано Роналдо е само седмиот играч во историјата на Јувентус, чие презиме ќе стои над легендарниот број седум на дресот на Старата дама.

Имено, имињата над бројките во Серија А се воведени дури во 1994 година, а од тогаш само шест играчи го носеа своето презиме над „седмицата“ во Јувентус.

Се започна од Анџело Ди Ливио, а потоа таа бројка ја наследуваа Џанлука Песото, Хасан Салихамиџиќ, Симоне Пепе, Симеоне Заза и Хуан Квадрадо.

Интересно е тоа што, официјалниот профил на Јувентус, на седми јули оваа година, на својата кинеска социјална платформа Weibo, објави видео, на кое ги прикажа имињата на сите шест играчи кои досега го носеа бројот 7 во овој клуб.

Тогаш се зголемија и шпекулациите околу доаѓањето на Роналдо во клубот, но се претпоставуваше дека Јувентус го објавува тоа видео, само поради тоа што тоа е седмиот ден во месецот.

Подоцна, видовме дека Роналдо навистина е новото засилување на Јувентус и беше јасно дека ќе стане седмата „седмица“ во историјата на Јуве, па на тој начин ќе им се придружи на играчите кои веќе ја носеа оваа бројка во Торино.

Роналдо има 33 години, меѓутоа Португалецот моментално е најдобриот играч на светот и неговото време во Јуве допрва доаѓа.

Како што е најавено, тој денеска стигна во Торино и ги помина медицинските прегледи, а Јувентус официјално ќе го претстави вечерва во 18:30 часот.

Коментирај