Тенис

Бекер: Федерер е успешен поради поддршката од семејството

17. јули 2017 - 14:12 | Б.С.Б.

Борис Бекер смета дека семејството е главен фактор за успешните игри на Роџер Федерер во 2017 година.

Тој освои пет од седумте турнири на кои играше, а стана рекорден победник на Вимблдон, со осум трофеи.

„Мислам дека неговата тајна се крие во семејниот живот. Неговата жена и децата, но и целото семејство претставуваат база на поддршка. Мислам дека без нив не би можел да го направи тоа што сега го достигна. Другите тенисери се мачат со тоа, да им угодат на сите. Но, Роџер направи вистински баланс кога е тенисер, кога е татко, кога е сопруг, кога е семеен човек. Тоа е вистинската причина зошто и понатаму е успешен“, изјави Бекер за BBC.

Федерер се врати на врвно ниво, по 16-месечна пауза напредна од 16 стартна позиција до трета, по три Грен слема. Има четири деца, два пара идентични близнаци. 

Коментирај