Свет

Барселона: Најмалку 13 мртви, 50 повредени во терористичкиот напад

17. август 2017 - 20:46 | Б.С.Б.

Најмалку 13 луѓе загинаа, а околу 50 се повредени во терористичкиот напад што денеска се случи во центарот на Барселона.

Каталонскиот министер Хоаким Форн потврди дека 13 луѓе настрадале, а 50 се повредени откако комбе прегази група луѓе во Барселона. Претходно, сведоци изјавија дека бело комбе влетало меѓу пешаци, а двајца вооружени мажи влегле во ресторан.

Настанот се случи на улицата Ла Рамбла, популарна туристичка локација во Барселона.

Полицијата потврди дека осомничениот е идентификуван, пренесува Guardian. Објавена е фотографија од човекот кој наводно го изнајмил комбето употребено во нападот.

Идентификуван е како Дрис Укабир.

Коментирај